Пукање во училиште во Финска, 13-годишник повредил тројца ученици

Пукање во училиште во Финска, 13-годишник повредил тројца ученици

Финската полиција го уапсила осомничениот ученик

Пукање во основно училиште во Финска ова утро резултираше со повреди на тројца ученици од 13-годишна возраст. Финската полиција уапси осомничено лице, кое исто така има 13 години, пренесува Би-би-си.

Нападот во градот Вантаа, четвртиот најнаселен град во државата, се случил пред 9 часот наутро. Полицијата апелираше на локалното население да остане во своите домови.

Учениците тукушто се вратиле во училиштето Виертола, по велигденските празници. Во училиштето учат 800 деца од 7 до 15-годишна возраст, а има и околу 90 вработени лица.

Во рок од неколку месеци во 2007 и 2008 година се случиле две пукања во училишта во Финска, во кои биле убиени ученици. Двата инциденти предизвикале построги закони околу поседувањето оружја. Сепак, во Финска, каде ловот е популарен, има 430.000 жители (од вкупно 5,5 милиони) со дозволи за поседување на оружје.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Блинкен наведува подобрување на помошта во Газа, вели Израел мора да направи повеќе

Блинкен наведува подобрување на помошта во Газа, вели Израел мора да направи повеќе

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека има подобрувања во доставувањето хуманитарна помош во Газа, …