Пунктовите за вакцинација низ целата држава ќе работат и утре

Пунктовите за вакцинација низ целата држава ќе работат и утре

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, тоа ќе можат да го направат и утре, како и секој друг работен ден, информираше Министерството за здравство попладнево.

Пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат и во текот на утрешниот ден.

Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено, а во тек е и теренска вакцинација. Во текот на вчерашниот ден бил забележан значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. Вчера биле вакцинирани вкупно 15.574 граѓани, од кои 8.808 примиле прва доза.

Од Министерството за здравство соопштија дека во државата, заклучно со вчерашниот ден, се дадени 1.033.584 дози на вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.

Инаку, во послeдните 24 часа се регистрирани 672 нови случаи на ковид-19, од напревени 6.770 тестирања. Најголем дел од новозаразените се од Скопје – 230, по што следуваат Тетово со 115 и Гостивар со 101 нов случај на инфекции.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …