Работна средба на претседателот Пендаровски со експерти од областа на економијата со цел финализирање на МКД2030

Работна средба на претседателот Пендаровски со експерти од областа на економијата со цел финализирање на МКД2030

Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа работна средба со експерти од областа на економијата и финансиите со цел финализирање на Рамката за развој МКД2030, што се изготвува на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Имајќи предвид дека МКД2030 ја креираме преку отворен и транспарентен процес, посочи претседателот Пендаровски, особено е важно мислењето, сугестиите и консултациите со повеќе општествени чинители, а со цел изготвување на одржливи и квалитетни решенија за развојот и иднината на земјата.

„Рамката за развој е во нацрт-верзија и во таа насока би го ценеле придонесот на сите вас како истакнати експерти во областа на јавните финансии, економијата и бизнисот. Некои од вас го имаат искуството од управување со јавни финансии, а други, искуството од реалниот сектор“, истакна претседателот Пендаровски на работната средба.

Тој потенцираше дека стратешкото планирање ѝ е потребно на земјава не само како дел од законските обврски кои ги имаат државните институции, туку и како процес кој ќе има широк општествен консензус и ќе не обедини околу заедничка визија.

„Целта е во МКД2030 да ги утврдиме приоритетите во кои треба да инвестираме и каде да ги насочиме нашите ресурси. Нам ни е потребен фокус за иднината, за да оствариме напредок и да овозможиме подобар живот за граѓаните, рече претседателот на работната средба.

Денешната работна средба е дел од финалните консултации со истакнати стручни лица од земјава и странство. Досега беа реализирани работни средби со претставници од бизнис секторот, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

Воедно, сите граѓани имаат можност преку интернет страницата www.mkd2030.mk директно да партиципираат и да дадат свој придонес во изработката на стратешкиот документ.

Рамката за развој МКД2030 официјално ќе биде промовирана во средината на годинава.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …