Расправија меѓу Арсовска и Славевски на седницата за советнички прашања

Расправија меѓу Арсовска и Славевски на седницата за советнички прашања

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски ја прекина денешната седницата за советнички прашања, откако се случи расправија меѓу него и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Расправијата се случи откако Славески го зема микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса, откако службите не му го вратија копчето со кое може да го вклучува и исклучува микрофонот на говорницата во пленарната сала на Советот. Славески го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира.

По ова Арсовска излезе на Говорницата каде немаше микрофон, а Слевески даде 15 минути пауза поради „неовласрено користење опрема“.

Арсовска го нарече Славески „Хитлер“ и „крадец“ и рече не му доликува да прави „циркус во Советот“.

„Вие крадете, тој микрофон е во сопственост на градот Скопје и на службите“, рече Арсовска додека Славески стоеше пред неа на говорницата прашувајќи: „Каде е украден микрофонот?“

Арсовска одговори: „Тоа вие ќе кажете.“

Пред да ѝ даде збор на Арсовска, претседателот на Советот Славевски ѝ рече на градоначалничката дека микрофон до него и е на располагање.

„Имате фотелја која е поудобна од магарешките клупи во кои седите назад“, рече Славевски за микрофонот до него затоа што копчето за вклучување и исклучување од микрофонот на говорницата не му било вратено.

Славевски потоа ја прекина седницата и ја презакажа за 14 ноември во 11 часот.

 

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …