РЕДУЦИРАН ОПШТИНСКИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА

РЕДУЦИРАН ОПШТИНСКИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА

Општина Битола ги известува граѓаните дека со оглед на дополнителните мерки и препораки на Владата на РСМ за спречување на појавата и ширењето на корона вирусот, превозниците кои што вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола дополнително го редуцираа одржувањето на општинските линии, како што следува:

Линијата 1 ќе се одржува во понеделник, среда и петок со времињата на поѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС од 06:20 до 17:00 часот, а во вторник, четврток и сабота со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ од 06:00 до 17:00 часот и во спротивната насока;

Линијата 4 ќе се одржува во понеделник, среда и петок со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС од 06:00 до 17:00 часот, а во вторник, четврток и сабота со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ од 06:15 до 17:00 часот и во спротивната насока:

Линијата 5 ќе се одржува во понеделник, среда и петок со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС од 06:15 до 17:00 часот, а во вторник, четврток и сабота со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС од 05:00 до 17:00 часот и во спротивната насока;

Линијата 6 ќе се одржува од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ од 06:00 до 10:00 часот и од 13:00 до 17:00 часот;

Линијата 7 ќе се одржува од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 06:10, 07:00, 13:10 и 15:20 часот;

Линијата 8 ќе се одржува во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 07:15 и 15:15 часот;

Линиите 10 и 11 ќе се одржуваат во во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 05:30 и 11:30 часот;

Линијата 14 ќе се одржува со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55, 12:00 и 15:30 часот;

Линиите 13 и 15 ќе се одржуваат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Шехерезада“ во 07:00 и 13:30 часот;.

Редовните возни редови на превозниците се достапни на следниот линк:

http://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2019/10/vozen-red.pdf

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …