струја броило

Регулаторна комисија предлага проширување на категоријата ранливи потрошувачи што ќе добиваат енергетски субвенции

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги достави до Министерството за економија предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи. Станува збор за иницијатива на Регулаторна, која предлогот го подготвила во соработка со Електродистрибуција, по препорака на Енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се во целосна финансиска кондиција да ги подмират сметките за електрична енергија.

„Предлогот опфаќа принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат потрошувачите, односно домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи. РКЕ предлага дополнително да се опфатат и следните категории на потрошувачи коишто би користеле енергетски ваучер и тоа: домаќинства кои добиваат постојана социјална парична помош согласно закон, домаќинства во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи; домаќинства кои имаат невработено лице, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и истиот е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход на домаќинството; домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата, чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинството; домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на траење на пандемијата. Со ова, практично и формално ја започнуваме иницијативата со која сакаме да го зголемиме опфатот на домаќинствата кои не можат во целост да ги подмират фактурите за електрична енергија, или поголем дел од нивните приходи одат за плаќање на фактурите. Целта е преку субвенционирање на одредена сума од страна на државата да се надмине овој проблем“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …