Риши Сунак и македонската опозиција

Риши Сунак и македонската опозиција

Дали огромната предност на опозицијата во анкетите е доволна за да се оди на избори? Случајот со тројцата премиери за два месеци во Британија е доволно илустративен. Пишува Љупчо Поповски

Се разбира, новиот британски премиер Риши Сунак и македонската опозиција олицетворена во ВМРО-ДПМНЕ немаат никава допирна врска. Тие не припаѓаат на заедничка европска политичка афилијација. ВМРО-ДПМНЕ е дел од Европската народна партија, додека британската Конзервативна партија до завршувањето на „Брегзит“ беше дел од групацијата Европски конзервативци и реформисти, каде се сместени европските десничарски популисти. Како што Британија ја напушти ЕУ, така и Конзервативната партија се отпиша од сите европски политички афилијации.

Тогаш, каде би можела да биде онаа слаба врска меѓу Риши Сунак и македонската опозиција. Тоа е во начинот на кој Сунак стана британски  премиер без да оди на проверка кај гласачите,  а што македонската опозиција му го смета за главен грев на премиерот Димитар Ковачевски. Може ли  да се стане премиер и без проверка кај гласачите?  Најстарата европска демократија вели дека може. Тоа не значи дека треба беспоговорно да се следат туѓите искуства, но кажува дека едно парламентарно мнозинство на сите начини се обидува да ја задржи власта без да се оди на избори, а опозицијата, исто така, на сите можни начини, се труди да предизвика промена.

Кога Лиз Трас поднесе оставка како премиер по само 45 дена, опозициските лабуристи и сите други партии во Британија, вклучувајќи ги и оние во Шкотска и Велс, повикаа на распишување нови избори. Лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, изјави дека британскиот народ има право да одлучи околу прашањето кој треба да ја води земјата.

„Ториевците не можат да одговорат на нивните најнови хаварии со уште едно едноставно кликнување на прстите и промешување на луѓето на врвот без согласност на британскиот народ. Тие немаат мандат да ја стават земјата во уште еден експеримент; Британија не е нивен личен феуд да управуваат како што сакаат“, рече Стармер.

Анкети и избори

Зад своето барање тој имаше добри аргументи. Неколкуте дополнителни избори конзервативците ги загубија, на локалните избори пролетта доживеаја сериозен пораз, а во анкетите лабуристите водат со фантастични 30 поени, разлика што досега не е забележана во испитувањето на јавното мислење. Но, оние што владеат мислат поинаку. Конзервативците сѐ уште имаат прилично големо мнозинство од 71 пратеници. И оној кој со својата оставка го забрза паѓањето на Борис Џонсон, тогашниот министер за финансии, Риши Сунак, стана лидер на партијата и премиер во една итна постапка само со избор на прaтениците, без да се оди на изјаснување на членовите на партијата. Иако претходно ги загуби вантрепартиските избори од Лиз Трас. Сунак беше дочекан со овации и прегратки од ториевските пратеници како спасител на партијата заглавена од конфузните економски мерки со мини-буџетот и инфлацијата.

Дали Риши Сунак е нелигитимен премиер? Според британскиот закон – не. Дали британската Конзервативна партија може да остане на власт уште две години без да бидат свикани општи избори и да го истурка петгодишниот мандат до крајот? Да. Дали ќе издржи? На тоа прашање никој нема валиден одговор. Дали промената на двајца лидери и премиери без да се излезе на избори е политички прифатливо? Веројатно не. Дали е тоа повеќе етичко отколку политичко прашање? Веројатно, да. Дали мнозинството Британци во анкетите мислат дека свикувањето на општи избори е решение за политичката криза? Да, дури две третини. Дали Риши Сунак е легитимен премиер? Без сомневање – да.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …