Балкански рис

Рисот конечно ќе живее во заштитено подрачје, започна репрогласувањето на „Маврово“

Националниот парк Маврово ќе биде репрогласен како заштитено подрачје според актуелниот закон за природа. Министерството за животна средина, во соработка со Глобал Конзервејшн и Македонското еколошко друштво неодамна ја започна постапката за дополнување на Студијата за ревалорзација и за изработка на План за управување. Во текот на следните десет години, со поддршка од Глобал конзервејшн  фондот, ќе биде изработена и Социо-економска студија заедно со Планот за управување претставува основниот стратешки документ за работа на паркот во кој егзистираат 37 населени места.

Маврово е едно од најрепрезентаривните подрачја на биолошката разновидност во земјава и пошироко и едно од најважните подрачја за балканскиот рис, во рамките на кое живее 90 отсто од популацијата на овој загрозен вид.

Ревизијата на Студијата за ревалоризација ќе ја направи Македонското еколошко друштво преку дополнителни научни истражувања што ќе се спроведат оваа година во Маврово. Студијата ќе содржи предлог-надворешни граници и предлог-зонирање со наративни описи на секоја од предлог зоните и ГИС податоци, врз основа на проценката на статусот на живеалиштата и видовите од национално и ЕУ значење.

Од министерството информираат дека при ревизијата и дополнувањето на Студијата ќе биде земена предвид и препораката на Постојаниот комитет на Бернската конвеција од декември 2021 година во врска со мерките за зачувување на националните паркови во Северна Македонија, вклучително и на Маврово. Бернска конвенција има случај против земјава во врска со планираните хидроцентрали во Маврово, кој се уште е отворен.

Министерката за животна средина Каја Шукова, истакна дека на овој начин ќе се обезбеди заштита, зачувување и унапредување на природните вредности со кои се карактеризира Националниот парк Маврово и ќе се надминат предизвиците со кои се соочува управата во негово одржливо управување и заштита на природните вредности.

„Ми претставува задоволство да ја истакнам веќе воспоставената соработка со нашите партнери Глобал Конзервејшн Фонд, Македонското еколошко друштво и Јавната установа Национален парк Маврово во процесот за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк, како обврска која произлегува од Законот за заштита на природата“, изјави Шукова.

Директорот на ЈУНП „Маврово“, Самир Ајдини, изрази задоволство од конечното отпочнување на процесот за репрогласување на Паркот, како едно од најголемите заштитени подрчја на Балканот и Европа.

„Маврово има премногу убави пејсажни, културни, пределни и ендемски вредности. Сакаме она што ни го оставиле претците да го оставиме на наследниците, бидејќи природата ја позајмуваме од идните генерации. Заради тоа имаме серизна обврска да ја задржиме онаква каква што е“, рече Ајдини.

Историјата на Националниот парк Маврово датира од 1949 година, кога за прв пат е прогласено за заштитено подрачје, а со законот за заштита на природата од 2005 година се отвори обврската за повторно прогласување на веќе заштитените подрачја меѓу кои е и Маврово. Студија за валоризација на заштитеното подрачје Маврово беше изработена во 2012 година, но процесот на репрогласување беше запрен заради реакции на јавноста во врска со планираните изградби на енергетски објекти во заштитените зони.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Претставата „Аудиција“ за Светскиот ден на театарот во Прилеп

Претставата „Аудиција“ за Светскиот ден на театарот во Прилеп

Во горчливата комедија се зборува за копнежот по малку подобар живот, кој е можен само …