Рокот за завршување на експресниот пат Штип – Кочани е пролетта 2021 година

Рокот за завршување на експресниот пат Штип – Кочани е пролетта 2021 година

Тешка механизација и земјени патишта го менуваат некогашниот пејзаж на зелените оризови полиња, кои овие денови во кочанскиот крај се во фаза на созревање. Машините интензивно работат во делот длабоко зад кочанските села и доколку не се движите по трасираниот земјен пат, тешко дека може да се забележи дека таму нешто се гради.

Вчера беше означен почетокот градежните работи од втората фаза од градбата на експресниот пат Штип – Кочани. Делницата на патот Крупиште – Кочани, што ја гради кинески „Синохидро“, е долга 13,7 километри и претставува продолжение на речиси завршената делница од Три Чешми до Крупиште.

– Првата фаза од експресниот пат од штипското село Три Чешми до Крупиште е завршена со 80 отсто и очекувам во почетокот на идната година да се комплетира асфалтирањето, што веќе е започнато. Оваа втора фаза, од Крупиште кон Кочани, почна да се гради пред околу два месеца и рокот за завршување е до пролетта 2021 година. Имајќи предвид што претходно беше завршена реконструкцијата на патната инфраструктура до границата со Бугарија, со комплетирањето на овој пат значително ќе се унапреди регионалната поврзаност со остатокот на државата, но и меѓународно со Бугарија – истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Експресниот пат Штип – Кочани е најзначаниот проект во источниот дел на земјата. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарски, оцени дека овој пат ќе биде артерија, која ќе го поврзе крајниот источен дел од државата со квалитетни патишта.

-Владата овде, во овој регион вложува 330 милиони евра и покрај експресниот пат и делот на крива Паланка – Ранковце, се работи и на реконструкција на 20 локални патишта од кои дел се завшени, дел од Нова година ќе бидат готови – рече Сугарески, кој најави дека од крајот на септември ќе почне реконструкцијата на уште нови 10 регионални патишта.

Тој потсети на веќе завршените патишта до граничниот премин Делчево, патот кај Берово до граничниот премин Клепало, а интензивно се работи на граничниот премин Ново Село кај Струмица.

Со нов прилив од 70 милиони евра, средства од Светска банка, од Владата најавуваат реконаструкција и изградба на локални патишта и улици по општините. Тендерирањето, како што најави премиерот Зоран Заев се очекува во октомври.

-Наша цел е со оваа извршна клаузула навремено да ги завршиме јавните набавки за да можеме напролет да имаме офанзива во изградбата на локални патишта. Процедурата за потпишување на договорот со „ТАВ“ е почната, направени се законските измени, со што добиваме 35 милиони евра за изградба на канализациски и водоводни мрежи, за градинки и училишта, а дополнително се преговара за уште 55 милиони евра наменети за водовод и канализација што ќе се реализираат до крајот на оваа и на почетокот од идната година – изјави Заев.

Што се однесува експресниот пат Штип – Кочани од 28 километри, ќе чини 40 милиони евра. Очекувањата се по две години граѓаните да добијат брз и квалитетен пат, со акцент на безбедноста, бидејќи сегашниот пат што ги поврзува двата града е место на многу собраќајки, често со човечки жртви. Очекувањата се тешкиот сообраќај да се префрли на новиот експресен пат, додека сегашниот да биде сервисен, во функција на локалните жители.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …