Русковска: Oдбраната не успеа да докаже дека Василевски не бил во седиштето на партијата на „27 април“

Русковска: Oдбраната не успеа да докаже дека Василевски не бил во седиштето на партијата на „27 април“

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за обвинетите за организирање на нападите во Собранието на 27 април.

Обвинителката Вилма Русковска смета дека одбраната не успеала да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија.

„Ако се погледат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа, на тој ден, ќе се види дека едниот телефон бил исклучен некаде после 16 часот, а вклучен после 22 часот. Другиот телефон пак е исклучен некаде после 18 часот и тој е вклучен некаде после 22 часот. Тоа е според листинзите кои Обвинителството ги прибави од мобилните оператори,“ изјави Русковска која додаде дека вештото лице кое го ангажирала одбраната, требало истото да го направи.

„Да ги земе оригиналните цедиња од мобилните оператори, кои се дадени во предметот и се наоѓаат во Судот и врз база на тоа да изврши вештачење, а не да вештачи врз основа на скенирани докази на Oбвинителството,“ додаде Русковска.

На денешното рочиште требаше да сведочи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој не дојде да сведочи, поради „приватни причини“.

На рочиштето сведочеа поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски и претседателот на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија