Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за нејзината суспензија. Во изјава за медиумите таа не сакаше да каже детали за содржината, со образложение дека прво Советот треба да се запознае со жалбата, па потоа и јавноста.

Русковска истакна дека предметите што ги водела треба да продолжат да се процесираат, но не верува дека некој ќе се нафати на такво нешто.

„Без разлика што имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет, после ова што ми се случи не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите“, рече Русковска.

Обвинителката исто така рече дека новинарите треба да истражат дали имало политички влијанија за нејзината суспензија и ги отфрли сомнежите дека за таа одлука имало притисоци од сегашната влада. Но таа не сакаше да прецизира која е позадината за суспензијата со образложение дека не сака да се „најде на суд поради клевета“.

„Професорот Калајџиев инсинуираше дека политиката е замешана во мојата суспензија, но јас не би сакала да поверувам дека некој политичар стои позади сето ова. Јас би ве повикала вас новинарите да истражите кој стои позади ова“, рече Русковска.

Обвинителката истакна и дека нејзината суспензија ја смета за суспензија на правото и правдата.

„Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети“, рече Русковска.

Против Русковска, но и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во Финансиска полиција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …