САД во обид да ја намали тензијата меѓу Русија и Украина

САД во обид да ја намали тензијата меѓу Русија и Украина

Американскиот помошник државен секретар Карен Донфрид која е задолеѓжана за еворпски и евроазиски прашања следната недела ќе ги посети Украина и Русија во обид да се намали тензијата меѓу двете држави, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Донфрид ќе се сретне со високи претставници во двете земји „за да разговараат за военото засилување на Русија и да ја зајакнат посветеноста на САД за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението.

До ова доаѓа по разговорот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин за смирување на тензиите на украинската граница. Белата куќа на 7 декември соопшти дека двајцата лидери се договориле нивните соодветни тимови да одржат дополнителни состаноци во обид да ја деескалираат ситуацијата.

Претходно САД соопшти дека Русија поставила околу 100 илјади борбено подготвени војници во близина на нејзината граница со Украина и дека тоа би можело да биде увертира за инвазија. Путин таквите тврдења ги негираше.

Дондриф за време на состаноци во Киев и Москва ќе нагласи дека може да се постигне дипломатски напредок за ставање крај на конфликтот во источна Украина „преку имплементација на договорите од Минск“, соопшти Стејт департментот.

Прекин на огнот и примирјето беше постигнато со договорите кои беа потпишани во Минск во два наврата, првиот септември 2014 година, а вториот во февруари 2015 година. Тие обезбедуваат рамка за мировен договор и делување, иако спорна затоа што Русија и Украина не се согласуваат околу толкувањето на договорите.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …