Сања Лукаревска: Ниту како човек, ниту како јавен функционер, никогаш не би го загрозила јавното здравје

Сања Лукаревска: Ниту како човек, ниту како јавен функционер, никогаш не би го загрозила јавното здравје

Фејсбук статус на Сања Лукаревска, директор на УЈП и кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2

Строго ги демантирам дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред вчерашната теренска посета во Куманово. Резултатите од епидемиолошката анкета од другарот Мухамед ги добивме вчера вечер (недела, 31 мај), по што бев тестирана пред 20:00 часот. Од моментот кога ме контактираа епидемиолозите не сум го напуштила својот дом. Притоа, во текот на денешниот ден ги очекувавме и резултатите од моите родители, кои денеска дознавме дека се негативни. Грижата за нив, како повозрасни лица кои се во ризична група е стрес кој секоја ќерка го чувствува за своите родители.

Исто така сакам да истакнам дека во секој момент од посетата во Куманово ги почитував сите заштитни мерки. Сакам едно нешто да биде јасно – прво како човек, а потоа како јавен функционер никогаш на никој не би го загрозила јавното здравје.

Апелирам до секој добронамерен граѓанин, да не правиме сензационализам од состојбата на нечие човечко здравје. Независно од сѐ, луѓе сме пред сѐ. Се надевам дека мојата ситуација ќе биде поука за понатаму. Ширење паника и дезинформации, особено во време на криза, е опасно и основа за стигматизација во едно општество.

Вирусот е тука, сите може да бидеме изложени. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себе и сите околу нас. Најважно од сѐ – да кажуваме точни и навремени информации, да бидеме искрени со лекарите затоа што тоа е најголемиот акт на општествена одговорност. Коронаворусот е тука, со него ќе живееме долго време. Да си помагаме, да се поддржуваме, заедно ќе надминеме.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …