афера Криминални парцели Мицкоски

СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски

Соопштение за јавност

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори конечно добива епилог.

Кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски.

Сите овие лица се под сомнение дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.

Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски и Белиот дворец.

Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал,а одговорните да бидат соодветно санкционирани.

Одамна заврши времето на недопирливите за законот.

Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки.

Прочитајте повеќе

Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму

Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму

Прес конференција на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ Вчерашната посета …