Сдсм знаме

СДСМ: Целосен хаос во Скопје поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ

Заради неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои една година ништо не сработеа, главниот град е во целосен хаос.

Продолжува колапсот на јавниот превоз, многу населби се со редуциран возен ред на автобуските линии поради милионски долгови кон приватните автобуски превозници.

Заради политички и бизнис интереси на одредена група луѓе, главниот град се соочува со опасност од редовно снабдување со вода и одржување на водоводната мрежа.

Како никогаш досега Скопје се дави во ѓурбре и нечистотија, не само што нема нови проекти, туку не се одржува ниту постојната инфраструктура.

Бројни важни проекти започнати од СДСМ и претходниот градоначалник Шилегов, се прекинати заради инает и хирови на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините и Градот Скопје.

Се што видоа граѓаните од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа година е партизација, расипничко трошење на народните пари и секојдневни кавги за рацете во медот.

ВМРО-ДПМНЕ постојано докажува дека е партија која работи за бизнис и лични интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …