СДСМ

СДСМ: Честитки до граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси

Соопштение за јавност на СДСМ

Вчерашниот ден беше важен, историски ден за македонскиот православен народ.

Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија и со тоа се исправи една голема историска неправда,а со литургијата која се служеше на македонски јазик е уште една потврда за нашата македонска посебност и македонскиот идентитет.

Охридската архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија и православниот свет и важно е ова сослужување и примањето во канонско единство на македонската црква да биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

Им честитаме на граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси.

Упатуваме и благодарност до Вселенската патријаршија која му одаде чест на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на неговиот, македонски народ.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче му ја честита победата на Милановиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита убедливата победа на Зоран Милановиќ во вториот …