СДСМ: Дезертерот Ковачки не може да го одбрани криминалот на Мицкоски

Реакција на СДСМ на изјавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Со ниту една лага и злоупотреба дезертерот Драган Ковачки не може да направи дефокус од криминалите на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски молчи 10 дена за сомнителен тендер од 136 милиони евра ама затоа Ковачки штанца невистини.

Поранешниот полковник, Ковачки дезертираше од Армијата, армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Христијан Мицкоски како пратеник.

Ковачки има дисциплинска, се заканувал на претпоставените во Армијата.

Затоа Мицкоски го одбра Ковачки кој треба да каже дали оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата?

Во ВМРО-ДПНМЕ ништо не се менува. Тоа е криминална партија и со ништо не може да направи дефокус од тоа.

Прочитајте повеќе

Мицкоски

СДСМ: Доста беа врти-сучи изјави, Мицкоски пред лидерска да каже: ЕУ или Левица

Соопштение за јавност По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и …