СДСМ

СДСМ: Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ раскрчми 70 отсто од имотот на „Славија“

Соопштение за јавност на СДСМ

Целата вина за раскрчмувањето и распродажбата на имотот на АД Славија лежи во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012-2017 година.

Факт е дека токму ВМРО-ДПМНЕ во целост ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве упорно се обидува да ја манипулира јавноста за да избегне одговорност и вината да биде префрлена на некој друг.

Но, јасно е дека целосно се загубени во нивниот неуспешен обид, за што говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат.

Прво, според нив, Славија беше вредна 20 милиони евра, па ја намалија проценката на 13, па на 9, а сега е 4 милиони евра.

Во оваа своја произволна математика, заборавија да споменат дека компанијата е потоната во долгови.

Во периодот од 2012 – 2017 ВМРО-ДПМНЕ распродала 70% од имотот на АД Славија.

Со тајни продажби, зад затворени врати, по неповолни и ниски цени, се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ државата, кои денес се во сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги и манипуции, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решиле проблемот со Славија, туку распродале две третини од нејзиниот имот.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …