СДСМ го прифаќа Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи

СДСМ го прифаќа Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи е прифатлив за СДСМ, соопштија од партијата.

„Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми. Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, соопштија од СДСМ.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …