СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери

Соопштение за јавност на СДСМ

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери.

Вчера Советот на Град Скопје го усвои Буџетот на Градот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска.

За усвојување на Буџетот гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со што докажаа дека нивната коалиција со Арсовска и натаму функционира.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери.

ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка, има претседател на Совет и мнозинство во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје.

По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

Соопштение за јавност на СДСМ Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и да поднесува кривични …