СДСМ

СДСМ: Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица против проектот за Универзална сала

Соопштение за јавност на СДСМ

Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица застана против проектот за реконструкција на Универзалната сала, каде работите стојат во место повеќе од една година, откако градоначалничката реши да не го продолжи овој проект.

Не ја ставија ниту на дневен ред на Советот на Град Скопје иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, која е подготвена да ја заврши реконструкцијата.

За реконструкцијата се обезбедени средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

Владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Левица во град Скопје и Арсовска, и покрај обезбедните средства, ја оставија Универзалната сала да пропаѓа.

Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата на симболот на Скопје, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.

Арсовска-ДПМНЕ-Левица не ги засега ниту тоа што Универзална сала, како носител на проектот Скопје Европска престолнина на културата – 2028 година е влезена во потесниот избор.

Универзална Сала, како симбол на Скопје и на солидарноста, градена по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со донации од десетици држави, не е единствениот проект што е закочен или прекинат од локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Со неспособната коалиција Арсовска-ДПМНЕ-Левица, град Скопје назадува и не е во состојба да ги испорача ниту најосновните функции за граѓаните.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ: Во новиот мандат поголеми плати – 1.000 евра просечна и 600 евра минимална

Соопштение за јавност на СДСМ Со СДСМ во новиот мандат следат уште поголеми плати за …