СДСМ: Кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари за извршени исплати без јавна набавка

СДСМ: Кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари за извршени исплати без јавна набавка

Прес-конференција на Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари

Почитувани,

Поминаа 2 години од локалната власт во Шуто Оризари, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават.

Меѓутоа, знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купуваат скапи телефони со парите на граѓаните.

На ден 20 ноември 2023 година, поднесена е кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од КЗ.

Имено, истиот во својство на градоначалник на општина Шуто Оризари во периодот од 2020 година до денес, со намери противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризари, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка. Вкупниот износ за ваквите договори изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка.

За да биде неговото самоволио поголемо, градоначалникот исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства.

Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризари, го повикуваме Јавното обвинителство и сите надлежни институции заедно да застант и да стават крај на ова злосторничко дуо.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски Ароганција е кога човек-партија одработува против своите …