СДСМ: Мицкоски прави штета - дома блокира закони а надвор поткопува државни позиции

СДСМ: Мицкоски прави штета – дома блокира закони а надвор поткопува државни позиции

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски делува против интересите на граѓаните и на државата, и во земјата и во странство.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во парламентот со месеци, со години блокира донесување на клучни закони од интерес на граѓаните. Таа е единствена партија во Европа, која во време на криза го блокира собранието.

Шефот на луксузната Бела палата, Христијан Мицкоски со Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП) ги поткрепува ставовите на Бугарија која го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ и во клучни моменти, ги поткопува државните позиции.

Мицкоски прави штета на граѓаните и на државата и дома и надвор од земјата.

Граѓаните очекуваат одговор зошто Мицкоски работи против нивните интереси во државата и зошто во клучни моменти се става на страната на Бугарија.

Прочитајте повеќе

Филипче Радовиш

Филипче од Радовиш: Не смееме да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад

Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да …