СДСМ: Мицкоски математички прецизно да пресмета колкава е разликата од 8.160 до 100.000 невработени

СДСМ: Мицкоски математички прецизно да пресмета колкава е разликата од 8.160 до 100.000 невработени

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

И во време на здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски знае само за лажни вести и деструктивност.

Последната лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека поради кризата со коронавирусот 100.000 лица останале без работа.

Оваа лага е официјално демантирана од институциите.

Агенцијата за вработување вчера соопшти дека од 13 март, денот кога започнаа превентивните мерки, па до 30 април, невработени станале 8.160 лица.

Од нив, повеќе од половина, односно 4.279 лица останале без работен ангажман поради истек на договор на определено време.

Тоа е огромна разлика од лагите на Мицкоски.

Мицкоски, кој вели дека е добар математичар, може да каже математички прецизно колкава е таа разлика.

Мицкоски нека пресмета и нека каже колку илјадници работни места тежи неговата лага?

Колку е разликата од 100.000 до 8.160?

Не му е првпат на Мицкоски да шири лажни вести и невистини. Исто така Мицкоски лажеше и дека имало само 100 теста за коронавирусот, а оттогаш се направени илјадници тестирања.

Почитувани,

Ако Мицкоски се дрзнува да лаже и манипулира со бројки кои се лесно проверливи, може да претпоставиме за што сè излажал и за што сè е подготвен да излаже.

И покрај тоа што нивните лаги секогаш се официјално демантирани, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од пласирање на лажни вести. Тоа е нивниот единствен начин на делување.

За таквото нивно неодговорно, несовесно и несериозно оценката ќе стигне од граѓаните. Нивните лаги и деструкции повторно ќе бидат поразени.

Прочитајте повеќе

Филипче Радовиш

Филипче од Радовиш: Не смееме да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад

Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да …