СДСМ: Највисоки откупни цени на тутун, исплатени рекордни 26 милиони евра за тутунарите

СДСМ: Највисоки откупни цени на тутун, исплатени рекордни 26 милиони евра за тутунарите

Соопштение за јавност на СДСМ

Исплатени се рекордни 26,3 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година на сметките до 15.753 производители на тутун.

Како што беше најавено, Владата предводена од СДСМ во месец април ги исплати субвенциите и тутунарите веќе ги добиваат средствата на своите сметки.

Ова е историска и рекордна исплата. Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа.

Откупот на тутунот од реколтата 2022 достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.

Истовремено, откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.

Дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун, а вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија.

Ова е само еден во низата примери за вистинска грижа за земјоделците од страна на СДСМ.

Продолжуваме да инвестираме во земјоделството како стратешка стопанска гранка.

Прочитајте повеќе

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

„Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализам, зашто тоа е најлесно. …