СДСМ: Од новите автопати над 600 милиони евра ќе се слеат кај домашни компании

СДСМ: Од новите автопати над 600 милиони евра ќе се слеат кај домашни компании

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата предводена од СДСМ започнува историска инвестиција во патната инфраструктура.

На Коридорот 8 и Коридорот 10 д ќе се градат повеќе патни правци со вкупна должина од 110 километри.

Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра која ќе се реализира преку Договорот потпишан со конзорциумот Бехтел и Енка.

Од вкупната инвестиција, 51 отсто или 650 милиони евра ќе завршат директно кај домашните градежни компании кои ќе учествуваат во проектот кој треба да се реализира во следните пет години.

Освен подобро поврзување на градовите и нашата држава со соседните земји, оваа историска инвестиција значително ќе влијае врз економскиот раст и ликвидноста и конкурентноста на домашната економија.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ најавува голема промена, граѓаните ќе бидат акционери во енергетските компании

СДСМ воведува огромна промена. Државните енергетски компании ги предава во рацете на граѓаните. Граѓаните ќе …