СДСМ

СДСМ Прилеп: Градоначалникот Јовчески бега од граѓаните и медиумите, својата неспособност ја прикрива со нови лаги

Реакција на Општинската организација на СДСМ на пресот на Општина Прилеп

Почитувани граѓани,

Ако се надевавте дека конечно, после цели 10 месеци откако е избран да ја води општина Прилеп, ќе го видите Борче Јовчески на некое друго место освен на положување цвеќиња по споменици, се излажавте!

Очајот, безидејноста на градоначалникот Јовчески и ВМРО ДПМНЕ Прилеп оди до таа мера, што нема храброст да се појави во јавност, да се извини затоа што бесрамно лажел за се’ што ветил во изборната програма.

Немајќи храброст да го направи тоа, Јовчески се крие од граѓаните и медиумите и ги испраќа портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ да ги вадат „жешките костени“, надевајќи се дека ќе го покријат неговото неработење.

Господине Јовчески, од вистината бегање нема!

Последиците од твојата неспособност се видливи на секој чекор.

Еве само еден мал дел од лагите на Борче Јовчески и ВМРО ДПМНЕ,

  • Ги излажа учениците до четврто одделение дека ќе добијат бесплатен оброк;
  • Ги излажа децата од социјално загрозените семејства дека ќе им обезбедиш бесплатни училишни униформи;
  • Ги излажа граѓаните дека ќе изградиш три кружни текови, две катни гаражи и дека ќе воведиш бесплатен градски превоз за пензионерите со минимална пензија;
  • Излажа дека ќе ги намалиш сметките за вода, дека ќе го стопираш бесправното градење, дека ќе го помагаш спортот, посебно фудбалот и ракометот.

Се’ што кажа, излажа!

Лажиш и сега кога бараш изговор за твојата неспособност да ги реализираш проектите за кои Владата на СДСМ обезбеди средства: реконструкција на улицата „Леце Котески“ и изградба на водоводот за манастирот „Трескавец“. Јавно ве повикуваме, доколку располагате со било каква документација со која централната власт ве опструира во реализирање на овие проекти, слободно охрабрете се и доставете ги до јавноста.

Редно е да прекиниш со вдомувањето на твоите другари, со згрижување на медицинскиот персонал од твојата приватна амбуланта во Општина Прилеп.

Доста беше со вработувањата во општинската администрација, во која само од први јануари до први јуни оваа година, вработи нови 45 партиски војници!

Јавно ве повикуваме да ги објавите со име и презиме на официјалната веб страна на Општина Прилеп нововработените во ЈП Водовод и канализација, а и кои олигарси раководат со твојот кабинет и со тебе.

Твоето недомаќинско и расипничко трошење на парите на граѓаните, многу скоро ќе доведе до зголемување на  цените на услугите кои ги даваат јавните претпријатија и ќе удри по џебот на прилепчани.

Прочитајте повеќе

Филипче

Д-р Венко Филипче: Граѓаните во мене како пратеник ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе …