СДСМ Прилеп: Со новите автобуси на метан ја штитиме животната средина

СДСМ Прилеп: Со новите автобуси на метан ја штитиме животната средина

Прес конференција на Стефани Петреска, портпаролкa на ОО на СДСМ – Прилеп:

Почитувани,

Прилеп е првиот град во државата кој во јавниот превоз воведе автобуси на метан.

Конечно граѓаните на Прилеп добија градски превоз каков што заслужуваат, современ, конфорен и навремен, а пред се’ превоз со кој ја штитиме животната средина и здравјето на граѓаните.

Наспроти старите и дотраени автобуси кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во јавниот превоз и за чие одржување годишно се трошеа над 150.000 евра, локалната власт предводена од СДСМ набави и пушти во употреба 4 нови еколошки автобуси со Еуро 6 стандард.

Со новите автобуси, освен што се заштитува животната средина, повеќе од двојно се намалуваат и трошоците за гориво, што ќе значи заштеда на буџетски средства кои ќе бидат инвестирани во нови проекти од интерес на граѓаните на Општина Прилеп.

Со набавените четири нови автобуси на метан, градоначалникот Јованоски и СДСМ, докажаа дека стојат зад дадениот збор и ги исполнуваат предизборните ветувања пред граѓаните на Општина Прилеп.

За нас дадениот збор, важи!

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …