СДСМ Прилеп: Во пресрет на новата учебна година, помош за социјално загрозените семејства

СДСМ Прилеп: Во пресрет на новата учебна година, помош за социјално загрозените семејства

Прес конференција на Весна Аџулеска, член на ИО на СДСМ Прилеп:

На само неколку денови пред почетокот на новата учебна година, уште еднаш, како во изминатите неколку години, ќе бидеме дел од подготовките за новата учебна година, за повеќе семејства и дечиња од нашиот град.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е одговорна партија и кога е во опозиција и кога е на власт.

Така во организација на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Прилеп, ја спроведуваме хуманитарната активност доделување на школски прибор и училишни ранци на деца од семејства во социјален ризик, повеќедетни семејства и семејства кои што имаат дечиња со попреченост.

А целта е, да им се олесни почетокот на учебната година, како и да им оддадеме внимание, водејќи се од принципот достапност и квалитетно образование на секое дете.

На сите дечиња им посакуваме успешен почеток на новата учебна година со желби за успех и напредок.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …