Сдсм знаме

СДСМ: Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите.

Додека полицијата вршеше акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши, Мицкоски од белиот дворец пласираше информации со цел да ја саботира акцијата.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите.

Државата, институциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот, Мицкоски.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

Прес конференција на Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ Почитувани, Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните …