СДСМ: Само Апасиев и неговиот заложник Мицкоски се против членството во ЕУ

СДСМ: Само Апасиев и неговиот заложник Мицкоски се против членството во ЕУ

Соопштение за јавност на СДСМ

По 17 години од добивањето на кандидатскиот статус и 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, ги започнавме преговорите за членство со ЕУ.

Европскиот пат е трасиран, повеќе нема надворешни пречки и блокади. Потврда се пораките на највисоките претставници на ЕУ и лидерите на земјите-членки, кои порачуваат дека посакуваат да ја видат Република Северна Македонија во ЕУ.

Владата предводена од СДСМ работи и се залага да го забрза процесот на преговори и 2030 година да стане реална и достижна цел за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

Единствената пречка на членството во ЕУ остануваат Апасиев и неговиот заложник Мицкоски.

Антиевропските и проруски Левица и ВМРО-ДПМНЕ остануваат закана по европската интеграција на земјава.

Иако им потонаа сите лаги и шпекулации за наводно продавање на јазикот и идентитетот, обидите за дестабилизација на државата со насилни протести против францускиот предлог, Левица и ВМРО-ДПМНЕ, за собирање ситни политички поени, не се откажуваат од блокирањето на евроинтегративниот процес.

На патот на напредокот и исполнувањето на стратешките цели на државата повеќе нема надворешни пречки, туку се испречуваат само домашни актери и внатрешни блокади и опструкции.

Прочитајте повеќе

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше …