СДСМ

СДСМ: Со лаги Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Преку пласирање невистини и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири, свесно и намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини.

Преку измислени конструкции Мицкоски се обидува да го деградира здравствениот систем.

Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.

Во процесот на набавка вакцините се’ е законски и регуларно.

Првите вакцини веќе се пристигнати, тече вакцинацијата на здравствените работници а се очекуваат и поголемите количини.

Сметаме дека позадината на оваа нервоза во белиот дворец и параноично штанцање невистини се должи на три причини: серијата порази од граѓаните, внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ и правдата која е веќе тука.

Главен протагонист на овие лажни вести за вакцините, покрај Мицкоски е и неговиот Антонио Милошоски, човек осуден и казнет во Германија за кривични дела.

Тоа е истиот Милошоски, демантиран од странски амбасади, познат по ширење лажни вести и манипулации, политичар против кого се води судска постапка и пред македонските судови.

Ете тој се обидува да го поткопува здравствниот систем и шири лаги за вацините.

Почитувани граѓани,

Во текот на целата пандемија, од ВМРО-ДПМНЕ слушаме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем.

Нивните лаги, нивните деструктивни политики се провидни и беа казнети на изборите, ќе бидат казнети и повторно.

Прочитајте повеќе

Сдсм знаме

Спасовски: Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување …