СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Славевски се против раст на минималната плата

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатите години покажа дека е на страна на работниците, на страната на граѓаните.

За неполни пет години успеавме минималната плата да ја зголемиме за над 6.000 денари. Односно од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари денес.

Покрај минималната плата, со успешни економски политики среде здравствено-економска криза, ја зголемивме и просечната плата, пензиите, и социјалната помош.

Минималната плата мора да продолжи да расте, тоа е заложба на СДСМ. Подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, особено во време на енергетска криза е приоритет.

Преку економско социјален дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите ќе дојдеме до решение кое е во интерес на сите страни.

До усогласување на сите, за достоинствено вреднување на трудот и одржливо стопанство.

Ново зголемување на минималната ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати и зголемување на продуктивноста.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на минималната плата.

Трајко Славевски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против зголемувањето на минималната плата.

Замислете, за Славевски и ВМРО-ДПМНЕ тоа било неоправдано и нереално.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ се става директно против работниците, против повеќе пари во семејствата.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

Соопштение за јавност на СДСМ Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и да поднесува кривични …