СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска се единствените кои бранат криминалци и се против правдата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска се единствените кои бранат криминалци и се против правдата

Реакција на СДСМ на прес конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ:

Одбраната на криминалот, насилството и криминалците е единствената политичка агенда на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за урнисување на правниот поредок, денес не може да се помири со тоа што конечно функционира правната држава.

Времето на селективна правда, партизација и притисоци врз судството, нарачани и монтирани процеси и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Судството е независно и постапува согласно своите законски ингеренции. Секој оној кој постапувал незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, национална или политичка определба.

Денес, единствено ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната кандидатка Гордана Силјановска бранат криминалци и се против правдата и неселктивното владеење на правото.

Прочитајте повеќе

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Вкупно 26 тони пилешки батаци без коска зачинети со ризик од птичји грип, 20 тони …