Сдсм знаме

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и шпекулации во обид да му наштети на образовниот процес, ниту еден ученик нема да остане без учебник

Реакција на СДСМ, на прес-конференцијата на Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години свесно и намерно го урнисуваше образованието, денес како опозиција шири лажни вести и измислици со цел да ги дискредитира реформите кои го унапредуваат образовниот систем.

Класична лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ, е дека десет отсто од учениците во новата учебна година ќе останеле без учебници.

Ниту еден ученик нема да остане без учебник, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ во обид да внесе немир кај родителите и учениците.

Како што јавно објави Министерството за образование и наука од наредната учебна година ќе се применува комбиниран начин на учење, односно за учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција.

Во случај некој ученик да има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетува настава има обврска тоа да го обезбеди, а истовремено, секое училиште ќе има обврска да ги обезбеди потребната количина ИТ уреди.

ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да обвинува за дискриминација и социјална поделба на ученици, токму партијата, која со години ги дискриминираше учениците и наставниот кадар и системски го уништуваше образованието.

Преку новиот Закон за учебници се елиминираат нелогичностите во содржините кои ВМРО-ДПМНЕ со децении ги дозволуваше и така уништуваше генерации на ученици.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што денес образованието се модернизира, се адаптира на новите можности, па затоа постојано шири лажни вести и шпекулации околу образованието.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …