мицкоски

СДСМ: За ДПМНЕ, наутро Левица се Хамас, а навечер Мицкоски најавува коалиција со нив

Соопштение за јавност на СДСМ

ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамас, а Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со нив.

Дури Мицкоски вели дека ќе преговарал на маса за вредностите со проруската Левица.

Кои вредности се тоа? Против НАТО и против ЕУ, изолација, диктатура, режим и потпалувачка реторика. Тоа се вредностите на Левица за кои Мицкоски сака да преговара.

Со признанието на Мицкоски за коалиција со Левица, јавноста ги виде „вредностите“ на ДПМНЕ.

Мицкоски и ДПМНЕ се против стратешките интереси на државата, против НАТО, против ЕУ, но затоа се ЗА коалиција со Апасиев и Левица.

Прочитајте повеќе

Лазаревска: Нема зголемување на платите од 12%, Јаневска и Мицкоски го деградираат трудот на наставниците

Лазаревска: Нема зголемување на платите од 12%, Јаневска и Мицкоски го деградираат трудот на наставниците

Прес конференција на Жаклина Лазаревска, Комисија за образование на СДСМ Почитувани граѓани, Социјалдемократскиот сојуз на …