Се асфалтираат улици во делчевско Тработивиште

Се асфалтираат улици во делчевско Тработивиште

Во делчевско Тработивиште денеска се асфалтираат две улици во должина од околу 400 метри. Станува збор за целосна реконструкција на улиците „Пијанечка“ во должина од 250 метри и ул „Гоце Делчев“ во должина од 125 метри со што се решава голем проблем за жителите од селото, бидејќи улиците беа целосно руинирани.

Увид во градежните работи денеска направи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека со целосната реконструкција на овие две улици се започнува инвестицискиот циклус во населените места во Делчево.

-Како одговорна општина која сака да го подобри квалитетот на животот на сите жители на Општината, започнавме со инвестициски циклус во инфраструктура во неколку села во Општината. Конкретно,денеска асфалтираме две улици „Гоце Делчев“ и „Пијанечка“ во с. Тработивиште кои беа во многу лоша состојба и создаваа секојдневни проблеми на жителите кои живеат овде. Со оваа инвестиција решаваме големи проблеми во селото. По завршувањето на работите во с. Тработивиште, ќе се продолжи со изградбата на планираните улици во с. Град и с. Разловци, а во тек е подготовка на планска документација за изградба на улици во с. Вирче и с. Стамер, рече Трајковски.

Средствата на овој инфраструктурен пакет во висина од околу 3 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево и се дел од општиот тендер за изградба на улици и во него е предвидена и изградбата на улици- крак 2 и крак 3 во селото Град со вкупна должина од над 300 метри и изградба на улица во селото Разловци во должина од 151 метри.

Во овој период, Општина Делчево интензивно работи на подготовка на основна документација за изградба на десетина улици во Делчево и населените места што ги подготвуваме за реализација за наредната година.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …