Клиника за онкологија хемотерапија

Се инсталира нов акцелератор на Клиниката за онкологија

Министерството за здравство информира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот

Започна инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерството за здравство информира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот. Ќе следува физичка инсталација на новиот систем, по која ќе следат мерења, калибрации и моделирања на системот до конечно пуштање во употреба. Се предвидува и обука за работа со апаратот. Инсталацијата и останатите активности се предвидува да завршат за околу три до четири месеци.

„Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот“, информираше министерот Меџити.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

Денеска се одбележува една година од катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој …