конфликт газа израел

Во Газа пристигна медицинска помош преку преминот Рафах

Граничниот премин Рафах денеска беше отворен за конвоите со хуманитарна помош на Црвената полумесечина кои од Египет отидоа во Газа

Граничниот премин Рафах денеска беше отворен за конвоите со хуманитарна помош на Црвената полумесечина кои од Египет отидоа во Газа. По две недели откако беше затворен, граничниот премин го поминаа дваесет камиони со медицински материјали, лекови и мало количество храна. Ова се први испораки на хуманитарна помош преку Рафах откако започнаа немирите меѓу Израел и Хамас, кои предизвика хуманитарна катастрофа во Газа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави почетокот на испораката на помош.

„Важно е првата хуманитарна помош сега да стигне до жителите на Газа. Ним им треба вода, храна и лекови, нема да ги оставиме сами Федералната влада продолжува да ги користи сите канали за да ги ублажи страдањата во овој конфликт “, напиша тој на социјалните мрежи.

Израел целосно ја затвори палестинската територија по терористичкиот напад на милитантите на Хамас на 7 Октомври, по што жителите на Појасот останаа без храна, гориво, лекови, вода и други намирници.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вчера го посети граничниот премин Рафах и порача дека камионите со хуманитарна помош мора што побрзо да ја преминат границата, бидејќи, како што рече, „тие ја прават разликата меѓу живот и смрт за толку многу луѓе во Појасот Газа”.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …