Се менува законот, претседателот нема да може да помилува лица кои не се правосилно осудени

Се менува законот, претседателот нема да може да помилува лица кои не се правосилно осудени

Аболицијата е политичка одлука со која шефот на државата е ставен над судовите и без судски процес одлучува за нечија невиност, а со новото законско решение никој не може да биде исклучен од кривичното гонење, рече претседателот на работната група Мисоски 

Претседателот нема да може да помилува осомничени лица, додека трае истрагата или судењето, туку тие лица ќе можат да побараат помилување само откако судот ќе изрече пресуда и кога таа ќе стане правосилна.

Со оваа одредба се согласија членовите на работната група која денеска водеше јавна расправа за новиот нацрт-закон за помилување што го подготвува Министерството за правда. Од Министерството информираа дека работната група за овој закон целосно го поддржува решението, според кое шефот на државата ќе може да помилува само за изречена казна, а не и за кривично гонење.

Другата новина од предлог законот за помилување е единствено осуденикот лично да може да бара помилување.

Од работната група која го подготвува законското решение сметаат дека со ваквите одредби ќе се зголеми независноста на правосудството.

„Аболицијата е политичка одлука со која шефот на државата е ставен над судовите и без судски процес одлучува за нечија невиност, а со новото законско решение никој не може да биде исклучен од кривичното гонење“, рече претседателот на работната група за измена на законот, проф. д-р Бобан Мисоски.

Во минатото, неколкупати се користеше правото на аболиција. Па така, со одлука на поранешниот претседател Борис Трајковски, во 2003 година беше помилувана Доста Димовска за аферата „Големото уво“. Претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година даде аболиција за Зоран Заев, кој тогаш беше градоначалник на Струмица. Ѓорге Иванов, пак, во 2016 година, кога и почна „Шарената револуција“ помилуваше 56 лица, дел осомничени во предметите на тогашното Специјално јавно обвинителство, меѓу кои високи функционери од поранешната власт, но одлуката беше повлечена, а  дел од нив бараат судот во Стразбур да одлучи дали еднаш дадена, аболицијата може да се отповика.

Прочитајте повеќе

Фридом Хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија

Фридом Хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија

Северна Македонија покажува назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Овие се клучните …