ковид-19

Се намалува бројот на заразени со ковид-19

Комисијата за заразни болести, според најавите, денеска ќе одржи состанок, на кој ќе се расправа за епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во земјава. Последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека во државава има 3431 активни заболени со ковид-19, од кои 1840 се во Скопје.

Од ИЈЗ вчера информираа дека се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19. Минатата недела се регистрирани 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=951, 25,7 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=194; 5,2 отсто).

Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најмногу од 43,6 отсто во возрасната група од 10-19 години и 43,5 отсто кај лицата на возраст од 50-59 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус оздравени се стекнале 6 094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови, за 45,6 отсто помалку во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3 отсто помалку во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка (14,1 отсто помалку во споредба со претходна недела), а девет на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (18,2 отсто помалку во споредба со претходна недела).

Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849 727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 297.738. Оздравени се 285,280 пациенти, а починале 9.027 луѓе.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …