Се урива дивоградбата кај „Мавровка“

Се урива дивоградбата кај „Мавровка“

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, претпладнево почна со уривање на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“.

Повеќе од еден месец дивоградбата е предмет на дебати и расправи, откако беше констатирано дека станува збор за бесправно изграден објект, а не можеше да се утврди идентитетот на инвеститорот. Општина Чаир распиша и тендер за уривање, но ниедна фирма не се пријавуви на него. Вчера, МВР поднесе кривична пријава за инвеститорот на бесправната градба.

Истовремено, вчера, на својата прва седница, Владата одлучи да му препорача на УО на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот објект пред ТЦ „Мавровка“ со сопствени средства.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …