Сè уште се трага по трите лица кои со БМВ паднаа во Лепенец, возачот на другото возило во притвор

Сè уште се трага по трите лица кои со БМВ паднаа во Лепенец, возачот на другото возило во притвор

Сè уште се трага по три лица кои вчера на патот од Скопје кон граничениот премин „Блаце“ излетаа од патот и со возилото паднаа во реката Лепенец. Во возилото имало четворица патници, од кои досега само еден е пронајден и пренесен во болница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б.(64) од Скопје и патничко возило БМВ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец.

„Во возилото БМВ, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции“, се вели во соопштението од МВР.

Несреќета се случила откако автомобилот „фолксваген туран“ претекнувал колона автомобили и кога стигнал паралелно до автомобилот БМВ кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и се удриле, по што косовскиот автомобил излетал од патот и се превртел во реката Лепенец.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „Фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, по трите лица трагаат тим нуркачи од САЕ „Тигар“ како и тим со дрон.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …