Седница на Совет: Усвоен збирниот извештај за штетата од невремето кое во јуни зафати повеќе населени места во општина Прилеп

На денешната 61 редовна седница на општинскиот Совет, се расправаше по 39 прашања од интерес на граѓаните на општина Прилеп.

Советниците го усвоија извештајот за извршување на буџетот на Општина Прилеп за вториот квартал од тековната 2021 година. Како што истакна Александар Китаноски, претседател на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој, анализата на консолидираниот биланс на приходи покажала дека во вториот квартал биле остварени приходи во износ од 662.026.415,00 денари, или 46,9% од вкупно планираните 1.410.981.000,00 денари.

Членовите на општинскиот Совет го усвоија и збирниот извештај за проценетата штета од невремето кое го зафати подрачјето на општина Прилеп на 21.06.2021 г.

Со невремето беа погодени 7 населени места: Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци.

Претседателот на Комисијата за елементарни непогоди, Жарко Северкоски, го информираше Советот дека до Комисијата биле поднесени 279 барања, од кои 11 биле отфрлени како некомплетни. Со невремето била зафатена површина од околу 1.085 хектари, при што проценетата штета изнесувала 61.347.000,00 денари. Најпогодени биле површините засадени со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и тутун.

На 61 седница советниците дадоа согласност за бројот на деца кои ќе бидат згрижени во ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“, како и за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Пазари“, за периодот од 01.04.2021 до 30.06.2021 година.

Советниците ги усвоија Годишните извештаи за работа на општинските основни и средни училишта за учебната 2020/2021 година, како и Годишните програми за работа за учебната 2021/2022 година.

Исто така, на денешната седница беше донесена Одлука за формирање на партиципативно тело, а усвоен беше и деловникот на негова работа.

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …