Седница на Советот за безбедност во кабинетот на Претседателот Пендаровски

Седница на Советот за безбедност во кабинетот на Претседателот Пендаровски

Попладнево во Кабинетот на Претседателот на државата Стево Пендаровски, започна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче, министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …