Влада

Седница на Владата во 13 часот и прес конференција на Заев, Филипче и Караџовски

Владата на Северна Македонија денеска во 13 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63 редовна седница, на која членовите на Владата ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14 часот.

Прес конференцијата ќе ја одржи претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски.

Неофицијално, се очекува да биде прифатен предлогот на Кризниот штаб кој побарал целосно затворање на угостителските објекти и проширување на полицискиот час, кој од утре би траел од 20:00 до 05:00 часот.

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …