Турско знаме

Седум жени во Турција биле убиени од сегашни или поранешни сопрузи во еден ден

Жените биле на возраст меѓу 32 и 49 години и биле застрелани или избодени до смрт. Тројца од напаѓачите си ги одзеле животите, двајца биле уапсени, а еден бил ранет додека бил приведен па починал

Седум жени биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери низ Турција во вторникот, објави Гардијан, пренесувајќи една локална турска телевизија.

„Вкупно седум жени беа дивјачки убиени во Измир, Бурса, Сакарија, Ерзурум, Денизли и Истанбул“, објави Хабертурк, турска телевизиска станица.

„Осомничени биле или нивните сегашни сопрузи или партнери од кои биле разделени“, велат од телевизијата и ги наведоа имињата на жртвите со нивните фотографии на веб-страницата.

Жените биле на возраст меѓу 32 и 49 години и биле застрелани или избодени до смрт. Тројца од напаѓачите си ги одзеле животите, двајца биле уапсени, а еден бил ранет додека бил приведен па починал. Судбината на седмиот, кој избегал од затвор за да ја убие сопругата, останува нејасна.

Во 2023 година, невладината организација за правата на жените „Ќе го запреме фемицидот“ регистрира 315 убиства на жени, од кои 65 отсто биле убиени во нивните домови.

Турција во 2021 година се повлече од Истанбулската конвенција, проект на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, која бара од властите да го истражат и казнат насилството врз жените.

„За 15 години, единствената година кога се намали бројот на фемициди беше 2011 година, годината кога беше усвоена Истанбулската конвенција“, велат од невладината организација.

Во 2022 година врз „Ќе го запреме фемицидот“ беше поднесена тужба од обвинител од Истанбул за „неморални активности“, но беше отфрлена минатиот септември.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Британските пратеници гласаат за закон за забрана за продажба на електронски цигари кои таргетираат млади

Британските пратеници гласаат за закон за забрана за продажба на електронски цигари кои таргетираат млади

Членовите на парламентот на Обединетото Кралство треба да гласаат за законот за пушење тутун и …