Семејствата на осудените од „Диво Насеље“ во Пеќ протестираат оти Албанија овозможила Груевски да избега

Семејствата на осудените од „Диво Насеље“ во Пеќ протестираат оти Албанија овозможила Груевски да избега

Членови на семејствата на осудените за оружениот инцидент во кумановската населба Диво Насеље во мај 2015 година протестираа утрово во Пеќ, Косово, со барање за нивно ослободување и со обвинувања на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за споменатите настани, јави „Порталб“.

Протестот е пред хотелот „Дукаѓини“, каде што се одржува заедничката седница на Владите на Косово и Албанија, а насобраните носат пароли во кои прашуваат „Каде е сега Никола Груевски“ и „Каде останаа момчињата од кумановската група“. Освен тоа, има и написи со кои се потсетува албанскиот премиер Еди Рама дека „Груевски побегна преку Албанија“.

– Срамно е за албанската Влада што му помогна на Никола Груевски да побегне од Македонија преку Албанија, а никогаш не покажа грижа за оние што се во затвор за настаните во Куманово – вели Шихрете Зека, мајка на Ваљдет Зека, еден од осудените во кумановскиот случај.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …