Сер Стјуарт Пич, Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан денеска пристига во дводневна посета на Република Северна Македонија

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Северна Македонија.

За време на посетата на Северна Македонија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Во рамките на својата посета на нашата земја, специјалниот претставник Пич со своите соговорници ќе разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата.

Прочитајте повеќе

Руски агенти во мантија

Малку е познато дека и пред Васијан Змеев руските агенти во Македонија вршат непријателска дејност …