Миле Талевски: 100 дена градоначалнички мандат на Борче Јовчески, исполнети со непотизам и неработење

Миле Талевски: 100 дена градоначалнички мандат на Борче Јовчески, исполнети со непотизам и неработење

Прес конференција на Миле Талевски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Она по што прилепчани ќе ги паметат првите 100 дена од владеењето на градоначалниот Борче Јовчески, е непотизмот, лажните ветувања и целосното нефункционирање на локалната самоуправа.

Наспроти ветувањето за ангажирање на професионалци во администрацијата, првото кадровско решение на Јовчески, беше поставувањето на неговиот другар Игор Гулабоски за директор на ЈКП „Водовод и канализација“.

Истовремено, градоначалникот треба да им објасни на прилепчани, дали сопругата на директорот Гулабоски, Паце Гулабоска, е вработена во Општина Прилеп?

Ако тоа беше малку за старт на градоначалникот, како следно кадровско решение на Јовчески беше именувањето на медицинската сестра од неговата приватна амбуланта, Маја Костадиноска, за шеф на неговиот кабинет.

Ваквото „приватизирање“ на институциите од страна на Јовчески, предизвика револт и наиде на осуда кај пошироката прилепска јавност.

Освен непотизмот, главна карактеристика на првите 100 дена од владеењето на градоначалникот, се и лажните ветувања.

Да потсетиме, Јовчески вети дека во првите 100 дена ќе ги реконструира плоштадите „Александрија“ и „Арт плоштадот“, како и реконструкција на амфитеатарот во населбата Варош.

Во првите 100 дена, Јовчески вети и реконструкција на фонтаните, нови зелени површини и реконструкција на постојните паркови во градот и населените места.

Сепак се чини дека најголемата лага на актуелниот градоначалник е ветувањето дека прилепчани ќе плаќаат пониски сметки за вода. Во општинскиот буџет за 2022 година, Јовчески не предвиде средства за субвенционирање на дел од трошоците за вода.

Почитувани сограѓани,

Ако по утрото се познава денот, нема дилема дека Борче Јовчески ќе биде најлошиот градоначалник во историјата на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …